24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАвтомобилите на Mercedes ќе комуницираат меѓусебе

Автомобилите на Mercedes ќе комуницираат меѓусебе

car

„Mercedes“ има во план до крајот на годината да им ја понуди на своите купувачи технологијата „Car-to-X“ која ќе овозможи комуникација, односно да се разменуваат информации меѓу возилата на овој производител.

Во „Mercedes“ велат дека на овој начин возачите навремено ќе добиваат информации за возењето, како што се известувања за потенцијална опасност или неочекуван застој на патот по кој автомобилот се движи.

На пример ако возилото кое е опремено со „Car-to-X“ системот учествува во сообраќајна незгода поради која на патот ќе дојде до застој, па така сите возачи кои исто така го имаат овој систем ќе бидат информирани за да ја избегнат лентата во која се случила несреќата или да побараат некој алтернативен пат.

car1

Системот исто така ќе овозможува возачите да добиваат прецизни информации за состојбата на патиштата по кои се движат и тоа за евентуалниот метеж или алтернативните правци. „Car-to-X“ технологијата ќе биде во рамките на пакетот „Drive Kit Plus“ кој од корисниците ќе бара да имаат паметни телефони и апликацијата „Digital DriveStyle“.

Иако во „Mercedes“ признаваат дека ова решение не е совршено, но во компанијата сметаат дека тоа во моментов е најбрзо решение во нивните автомобили да понудат најнови технолошки решенија кога оваа област е во прашање.

„Car-to-X“ е дел од стратегијата на „Mercedes“ за развој на идните сигурносни и други автомобилски системи под заедничкото име „Intelligent Drive“ чија цел е зголемување на општата безбедност во сообраќајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП