25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung најави револуција во 2013 година?

Samsung најави револуција во 2013 година?

Наредната година би можела да ја означи револуцијата во областа на мобилните уреди-телефоните и таблетите, бидејќи од корејскaта компанија „Samsung“ го најавија масовното производство на флексибилни и некршливи екрани.

Флексибилните екрани кои можат да се свиткаат, дури и склопaт и стават во паричник, наводно се во последната фаза од развојот и ќе бидат подготвени за производство во 2013 година. Таков напредок е постигнат благодарение на органските светлечки диоди (OLED), кои се многу тенки и можат да бидат ставени на флексибилен материјал како пластика или метална фолија.

Таквите екрани ќе овозможат производство на значително полесни и издржливи уреди. Во моментов екраните осетливи на допир се произведуваат со стаклена облога, која е тешка и повеќе осетлива на пад и гребнатини од пластиката.

Според извори од „Samsung“, првите производи со флексибилни екрани на пазарот ќе се појават во првата половина на 2013 година, а можно е новата технологија да биде вградена и во најавуваниот S4 телефон.

Сепак, овие објави треба да се земат со резерва, бидејќи од компанијата „Samsung“ и претходно најавуваа дека 2012 година ќе биде година на револуцијата во која ќе завладеат флексибилните екрани, но тоа не се случи.

Во меѓувреме и Сони и ЛГ, исто така започнаа со изработката на флексибилни екрани но сеуште не постојат податоци за сериско производство на нивнитетелефони со флексибилни екрани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП