19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПроизведен 30 милионитиот примерок на Голф

Произведен 30 милионитиот примерок на Голф

golfjubi1

Првиот Голф пристигна во 1974-та година и беше голема промена и во дизајнот и во технологијата. Дизајнерите во Фолксваген одлучија моторот да го преместат напред и да му вметнаат водено ладење. За изгледот на ова возило беше задолжен познатиот дизајнер Џорџо Џуџаро.

Со сигурност може да се каже дека овој автомобил е еден од најзначајните во својата класа, но и за самиот Фолксваген. Тоа е возилото по кое оваа група го доби своето име.

golfjubi

Фолксваген објави дека од производната лента излегол 30 милионитиот примерок на Голф. Производството започна во далечната 1974-та година, а од тогаш статистички гледано, секој ден 2000 луѓе купиле по еден примерок. Јубилејниот модел  е „Golf TDI BlueMotion“ кој неодамна беше претставен како најеконмичниот Голф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП