25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗDodge заминува во историјата?

Dodge заминува во историјата?

dodge

„Fiat“ во текот на претходните месеци објави многубројни планови за возилата со ознаките на „Chrysler“, „Jeep“, „Ram“ и „SRT“, но не и за „Dodge“. Тоа доведе до многубројни шпекулации дека овој легендарен американски бренд ќе биде затворен во блиска иднина.

Пред неколку години најпродаваниот модел на компанијата „Dodge Ram“ е преместен во посебна дивизија, а истото се случи и со спортскиот „Viper“ кој сега се продава под ознаката „SRT“.

Неизвесна е иднината на уште два модела на „Dodge“. „Avenger“ ќе престане да се произведува во почетокот на следната година без директна замена, а популарниот „Grand Caravan“ во иднина ќе се продава како возило на „Chrysler“. Спортскиот „Challenger“ би требало да биде заменет со нов „Barracudа“ до 2015-та година.

Тоа значи дека „Dodge“ на крајот на следната година ќе остане со само четири модели „Dart“, „Charger“, „Durango“ и „Journey“, а поголемиот дел од нив би можеле да бидат со ознаката на „Chrysler“ (Dart и Journey) или да бидат згаснати доколку ја делат платформата со останатите модели на компанијата (Charger – Chrysler 300, Durango – Jeep Grand Cherokee).

Во 2012-та година „Dodge“ на американскиот пазар продаде 524.989 возила (+16%), што го прави најдобро продавана дивизија на „Chrysler“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП