20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНаследникот на „спачак“ ќе биде DS2

Наследникот на „спачак“ ќе биде DS2

ds21

„Citroen“ ќе продолжи со развојот на нови модели во семејството „DS“, а според најновите информации следниот автомобил од оваа серија ќе биде „DS2“.

Веста за новиот „DS“ модел ја пренесе францускиот „Auto Plus“ кој тврди дека „Citroen DS2“ стилски ќе се надоврзе на концептот „REVOLTE“ од 2009-та година и дека ќе ја следи конепциската идеа за „Citroen 2CV“ – легендарниот „спачак“

„Citroen DS2“ ќе ја дели механичката платформа со моделот „Peugeot 208“, a предвидени се бројни можности за персонализација за да може овој автомобил да се вклучи во трката со моделите „FIAT 500“ и „MINI“.

ds2

Официјални информации за погонските единици засега нема, но француското списание наведува дека палетата на мотори би можела да опфати трицилиндричен бензински агрегат со 66 kW/90 ks, четирицилиндричен дизел мотор со 85 kW/115 ks и турбо-бензински со 114 kW/155 ks  кој потекнува од „BMW“.

Во почетокот ќе биде достапен модел со цврст покрив, додека подоцна ќе се појави и верзија која би имала платнен покрив кој може да се собере и да се спакува во кабината, исто како кај моделот „DS3 Cabrio“.

„Citroen DS2“ би можел да има премиера на авто-саемот во Париз во 2014-та година, а неговата цена би се движела околу 15.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП