29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕлектричниот Focus пристигнува во Европа

Електричниот Focus пристигнува во Европа

fokus

„Ford“ во својата фабрика во Германија започна со производство на моделот „Focus“ на електричен погон. Со тоа овој модел стана првиот електричен автомобил на американската компанија кој ќе се произведува во Европа.

Електромоторот кој го придвижува овој автомобил развива 145 ks и му овозможува да постигне максимална брзина од 135 km/h. Со целосно наполнета литиум-јонска батерија овој „Ford Focus“ е во состојба да помине околу 160 км.

Посебно вградениот додаток за полнење овозможува батеријата за 2-3 часа да се дополни и возилото да помине 100 km, додека за целосно полнење потребно е 3-4 часа. Електромоторот користи регенеративен систем за сопирање со чија помош е во состојба да собере и употреби 95 проценти од кинетичката енергија, која инаку би се изгубила во текот на процесот на сопирање на автомобилот.

fokus1

„ „Focus“ претставува прв чекор во експанзијата на електричните патнички автомобили на „Ford“ на стариот континент“, изјави потпретседателката на „Ford“ за равој, Барб Самарџиќ.

Во Европа електричниот „Focus“ ќе биде пуштен во продажба во јули 2013-та година, но од „Ford“ засега не ја соопштија цената на овој модел. Компанијата има во план до 2014-та година на европскиот пазар да ги претстави и моделите „C-MAX Energi Plug-In Hybrid“ и „Mondeo Hybrid“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП