28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗапознајте ја новата „тристаосмица“

Запознајте ја новата „тристаосмица“

tristaosum

Досега имавме можност да видиме компјутерски или неофицијални фотографии од новата „тристаосмица“. Францускиот магазин „L’Automobile“ објави видео на кое покрај деталите за надворешноста на ова возило се прикажани и елементи од неговиот ентериер.

На најновото видео можеме да го видиме „Peugeot 308“ од повеќе агли, да се запознаеме со светлосните групи и други детали кои на официјалните компјутерски илустрации не беа толку впечатливи.

tristaosum1

Дизајнот на внатрешноста на автомобилот изгледа оргинално, а се чини дека не се штедело ни на квалитетот на вградените материјали. Покрај тоа можеме да видиме како функционираат некои од системите и командите во новото „Peugeot 308“, како на пример мултимедијалниот уред со екран чуствителен на допир кој се наоѓа на централната конзола.

Новиот „Peugeot 308“ стилски се надоврзува на најновите модели на фанцускиот производител, а според димензиите е понизок и пократок од својот претходник. Деталите за погонските единици се уште не се познати, а се претпоставува дека 308 ќе ги дели моторите со „Citroen C4“.

tristaosum2

Во тој случај на располагање е палета од четирицилиндрични бензински и дизел мотори кои развиваат меѓу 90 и 160 КС. „Peugeot“ засега објави дека најекономичната верзија од овој автомобил ќе има емисија на CO2 од само 85 g/km.

Премиерата на новата „тристаосмица“ е закажана за авто-саемот во Франкфурт во септември оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП