20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan меѓу најеколошките брендови за 2013-та

Nissan меѓу најеколошките брендови за 2013-та

nissan

„Nissan“ е именуван за еден од најеколошките брендови за 2013-та година во рамките годишниот извешај на „Best Global Green Brands“. Овој производител на автомобили ја зазема лидерската позција кога станува збор за мобилноста со нулта емисија на штетни гасови благодарејќи на „Nissan LEAF“ кој е 100 проценти електрично возило.

Инаку „Nissan“ на вкупната ранг-листа се наоѓа на петото место од 50 брендови кои беа одбрани. Тие успеаа да забележат скок од 16 позиции во однос на 2012-та година и се именувни за компанија која забележала најголема промена кон врвот досега.

Покрај моделот „Leaf“ кој е посебно одвоен, компанијата е пофалена и поради своите еколошки акции како што се нивните планови за да се намали масата на возилата за 15 проценти почнувајќи од 2017-та година и тоа во соработка со компаниите „Daimler“ и „Ford“, кога станува збор за возилата кои користат горивни ќелии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП