19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИзум кој ќе ги замени завесите и ролетните!

Изум кој ќе ги замени завесите и ролетните!

Sonte-Smart-Film-Digital-Shade

Американските научници развија нова безжична технологија преку која ќе можеме да ја менуваме транспарентноста на прозорците преку нашите паметни телефони, при што завесите и ролетните ќе станат минато.

Новиот изум користи посебен тенок филм, кој може да биде залепен за било кое стакло, на прозорец, огледало или на тушкабина. Тенката емулзија може да станува матна или транспарентна со притискање на едно копче.

Ова револуционерно откритие е развиено од калифорниската компанија „SONTE“. Тоа може да ја менува пропустливоста на светлината преку безжична врска со оперативните системи Андроид или „iOS“.

sonte1

Филмот, освен што го регулира протокот на светлина, исто така, служи и за ултравиолетова заштита. Ова ќе овозможи да се штеди и на сметките за струја, бидејќи го контролира затоплувањето на живеалиштето и за време на летните горештини нема да мора да се вклучува клима уред. Филмот е потенок од половина милиметар и се лепи на внатрешната страна од стаклото.

Овој изум се продава на фолија со димензии метар на метар. Цената на фолијата е 280 долари плус Wi-Fi систем за управување, кој може да се ракува со специјална апликација за паметните телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП