29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска банка ја намали проценката за растот на глобалната економија

Светска банка ја намали проценката за растот на глобалната економија

svetskabanka1

Светска банка ја намали проценката за раст на глобалната економија, поради рецесијата во еврозоната која ќе биде подлабока од очекуваното и забавениот раст на некои од земјите во развој.

Во својот полугодишен извештај „Глобалните економски изгледи“, објавен денес, Светската банка проценува дека глобалната економија оваа година ќе се зголеми за 2,2 проценти, што е помалку во однос на ланските 2,3 проценти и помалку од 2,4 проценти, кои беа проценети во претходниот извештаj, објавен во јануари.

Забавувањето на растот на глобалната економија, меѓу другото, е последица на продлабочувањето на рецесијата во еврозоната. Во предвидвањата во јануари Светската банка проценуваше дека економијата на еврозоната оваа година ќе се намали за 0,1 проценти, а сега таа очекува пад од 0,6 проценти.

Банката предупредува дека и растот на големите економии во развој, кои го поттикнуваа растот на глобалната економија во последниве години, во иднина нема да биде така силен како пред светската финансиска криза, па тие земји ќе треба да воведат структурни реформи за да ја одржат високата стапка на раст.

Поради тоа, Светската банка ја намали прогнозата и за тие земји, кои минатата година растеа со најбавното темпо во последните десет години. Во новите проценки се очекува раст на економиите во развој од 5,1 проценти, додека претходните проценки изнесуваа 5,5 проценти.

Главниот автор на извештајот Ендрју Барнс изјави дека глобалната економија во иднина би требало да биде помалку нестабилна, но дека растот, сепак, би можел да биде бавен.

„Растот не е забавен поради намалената побарувачка, туку затоа што, според нашето мислење, растот во периодот пред финансиската криза беше прекумерен. Сега растот е во склад со економските потенцијали“, вели Барнс.

И додка оваа година се очекува забавување на растот на глобалната економија, во наредните години Светската банка прогнозира забрзување. Така, следната година глобалната економија би требало да се зголеми за 3 проценти, а во 2015 за 3,3 проценти.

Притоа, Банката проценува дека најголемите ризици сеуште ќе создваат неизвесност во економијата на еврозоната и во фискалната политика на САД, додека, земјите во развој ќе мора да внимаваат на несаканите ефекти од масовната монетарна екпанзија во развиените земји, како што се САД и Јапонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП