20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел ги штити големите

Меркел ги штити големите

angela2

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Германија мора да ги ограничи субвенциите во областа на обновливите извори на енергија.

Според нејзините зборови, наместо тоа, потребно е да се унапреди електромрежата и да се дејствува против растечките цени на електричната енегрија.

Меркел укажа дека новите извори кои ја користат енергијата на сонцето, ветерот и водата, мора повеќе да учествуваат во финансирањето на трошоците за ширење на електричната мрежа, пренесува агенцијата АП.

Бум во секторот за обновлива енергија – кој веќе произведува една четвртина од електричната енегрија во Германија, предизвика големи проблеми во енергетската инфраструктура на таа земја, која е изградена со капацитет за неколку големи енергетски електрани, наместо за илјада мали обновливи извори.

Меркел порача дека ширењето на обновливата енергија мора да биде во склад со ширење на мрежата, ветувајќи дека по септемвриските избори ќе ги намали субвенциите кои годишно изнесуваат 18 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП