25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНе се јаде секаде клуб-сендвич во хотел

Не се јаде секаде клуб-сендвич во хотел

sendvic

Доколку сте гостин во некој хотел во Женева и посакате нешто да каснете во вашата соба, за обичен „клуб-сендвич“ најверојатно ќе морате да платите нешто повеќе од 20 евра.

Во хотелите во Женева сендвич со пилешко месо, сланина, јајца, зелена салата и домат чини од 11 до 40 евра, покажаа резултатите од истражувањето „Club Sandwich Index“ кои ги објави порталот „Hotels.com“.

Откако ги проучиле менијата кои се наоѓаат во триесетина хотели ширум Женева кои имаат од три до пет ѕвезди било заклучено дека просечниот сендвич чини 22.93 евра.

Со тоа овој швајцарски град се најде на врвот на листата поминувајќи го минатогодишниот лидер Париз кој се најде на второто место затоа што тамошните хотели седвичите со споменатата содржина во просек чинат 20.67 евра.

„ Клуб-сендвичите кои се нудат во скоро сите хотели во светот на одличен начин ви покажуваат колку пари ви се потребни за пат, доколку престојувате во хотел. Врз основа на таа цена туристите можат да ги планираат и своите трошоци, барем кога храната и пиењето се во прашање“, вели претставничката на „Hotels.com“, Алисон Купер.

Листата на 10 градови со најскапи сендвичи изгледа вака (просечна цена во евра):

Женева – 22.93

Париз – 20.67

Oсло – 20.12

Стокхолм – 17.41

Копенхаген – 16.81

Рим – 16.76

Tокио – 15.59

Лондон – 15.55

Сиднеј – 15.46

Хонг Конг – 14.91

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП