29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСтарите уреди нема да ги добијат сите функции на iOS 7

Старите уреди нема да ги добијат сите функции на iOS 7

iOS7

Вчера претставента „iOS 7“ платформа донесе голем број подобрувања и ажурирања и според признанието на „Apple“ станува збор за најголемото надградување од кога е воведен овој оперативен систем.

Беа претставени многу функции како што се филтрите за камерата, делењето податоци во „cloud“ преку „AirDrop“, како и подобрената верзија на „Siri“ и новото „iTunes Radio“.

За жал сите уреди на „Apple“ овој пат нема да можат да бидат во можност да го добијат истото што го имаат најновите и најдобрите уреди, па така многу од старите телефони и таблети нема да го имаат целиот сет на функции.

Како што можете да видите на приложената табела, „iPad 2“ ќе добие најмалку нови функции, односно само новото „iTunes Radio“.

ios7-apple

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП