18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMokka од Јужна Кореа се сели во Шпанија

Mokka од Јужна Кореа се сели во Шпанија

mokaka

Eвропската филијала на „General Motors“, „Opel“ има во план да префрли голем дел од производството на својот СУВ модел од Јужна Кореа во Европа и тоа во Шпанија.

Како што пренесуваат германските медиуми „Opel“  веќе следната недела би можел да ја донесе одлуката дали моделот „Mokka“ ќе се составува во фабриката „Plana de Figueruelas“ која се наоѓа во Сарагоса. Овој автомобилски гигант објави дека во април месец добиле преку 100.000 нарачки во Европа за ова возило, што е повеќе отколку што очекувале.

„Opel“ како и другите производители на автомобили во Европа имаат проблем со прекумерните капацитети на стариот континент, па затоа преместувањето на производството од Јужна Кореа во Шпанија би бил логичен чекор. Со овој потег ќе се овозможи повторно да работат капацитетите во Шпанија кои не работат и само носат загуби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП