25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung го претстави Galaxy Ace 3

Samsung го претстави Galaxy Ace 3

ace3

Компанијата „Samsung Electronics Ltd“ е лидер во областа на мобилната технологија и дигиталните решенија, а тие сега ја проширија својата гама со новиот паметен телефон „Galaxy Ace 3“.

Надоврзувајќи се на успехот на серијата „Galaxy Ace“ новиот модел на корисниците ќе им пружи подобри перформанси од процесорот „dual core“ од 1GHz, кој може да изврши операции со многу податоци, многу побрзо и поефикасно од својот претходник.

Со оперативниот систем „Android – Jellybean 4.2“ корисниците ќе уживаат во поголем диспелј од 4.0 инчни кој ќе им пружи совршено искуство во гледањето додека играат игри, гледаат филмови или уживаат во бројните паметни функции на уредот.

Камерата од 5 мегапиксели е опремена со повеќекратни функции, вклучувајќи ги и „Sound & Shot“, „Best Photo“ и „Buddy Photo Share“, кои го мотивираат корисникот да ја искаже својата креативност и овозможува лесна размена на податоци со пријателите.

„Galaxy Ace3“ поседува неколку паметни функции и нуди иновативни алатки:

„S Translator“: моментални преводи во секој момент.

„S Travel“: водич и патни информации за вашата следна дестинација.

„Smart Stay“: препознава кога корисникот гледа во телефонот и ја штеди батеријата кога корисникот гледа на друга страна и со тоа го затемнува екранот и ја намалува потрошувачката на батерија по пат на напредно препознавање на лицето.

„S Voice“: нуди функција за гласовно управување.

„Easy Mode“: нуди едноставен и интуитивен основен екран за директен пристап кон најкористените функции.

Во зависност од пазарите моделот „Galaxy Ace3“ ќе биде достапен и во „3G“ и „LTE“ верзии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП