23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДизајнот виновен за слабата продажба на Laguna

Дизајнот виновен за слабата продажба на Laguna

laguna1

Извршниот директор на компанијата „Renault“, Карлос Таварес призна дека дизајнот на „Lagunа“ имал негативно влијание на продажбата на последната генерација на тој модел.

Таварез изјавил дека надворешниот изглед на овој автомобил со својот помалку чуден заден дел влијаел на негативната перцепција на купувачите да се пренесе дури и на стилските детали, но и на значително поскапата „Lagunа Coupe“ и на функционалниот караван.

Тој додава дека новата верзија на „Lagunа“ која пристигнува во 2014-та или 2015-та година ќе има „флуиден дизајн“ и кај луѓето ќе предизвика силни емиоции.

„Мораме да работиме многу повеќе и да дизајнираме нов автомобил кој ќе биде попривлечен. Ако ги погледнете новите „Clio“ или „Captur“ ќе знаете на што точно мислам“, заклучил Таварез.

Актуелнтата трета генерација на моделот „Renault Laguna“ е претставена во 2007-та година. Прв пат е редизајнирана во 2010-та година, а во април 2013-та година автомобилот уште еднаш беше освежен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП