20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМилион евра за штанд на московскиот авто-саем

Милион евра за штанд на московскиот авто-саем

lada priora sat nav

Цените за изложбен простор на саемот за автомобили во Москва наредната година предизвика незадоволство кај производителите на возила. Како што пренесуваат одредени медиуми цената на квадратен метар до први септември ќе изнесува 185 евра (минатата година беше 110 евра), а по тој датум цената ќе скокне на астрономски 250 евра.

Само за споредба цената на кавадратен метар изложбен простор на саемот во Франкфурт изнесува 157 евра, а пак во Париз 165 евра. Но за жал тука не е крајот на трошоците.

Заинтересираните учесници исто така се жалат на бројните дополнителни трошоци кои им ги претставуваат организаторите, пред се за транспортот на изложбениот модел внатре во саемскиот комплекс. Покрај тоа построги се и роковите за расклопување на штандовите, а предвидени се многу строги казни доколку терминот не се испочитува.

el lada 11

Се предвидува дека основните трошоци во просек ќе изнесуваат околу милион евра што е многу неприфатливо и безобразно висок износ во време кога паѓа продажбата на пазарот.

„AvtoVAZ“ најави дека под такви услови нема да се појави на московскиот саем, а средствата ќе ги насочат на други промотивни активности.

„Цените се екстремно големи во споредба со другите саеми, додека бројот на посетители е послаб од другите манифестации“, истакна претставникот на „AvtoVAZ“ кој додаде додека се вакви условите тие нема да учествуваат на московскиот саем.

lada_xray_concept_1

Минатата година саемот во Москва привлече преку милион посетители, а на него беа прикажани 23 светски, 21 европски и 85 руски премиери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП