25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCamaro пристигнува во Европа

Camaro пристигнува во Европа

kamarooo

По премиерата која беше одржана на саемот во Њујорк во март месец, редизајнираниот „Chevrolet Camaro“ пристигнува и на европскиот пазар.

Купувачите во Европа ќе им биде понуден моделот „Camaro SS“ со 6.2 литарски V8 мотор кој развива 318 kW/432 ks во комбинација со шестстепен мануелен менувач, односно 298 kW/405 ks ако за промена на степените на пренос се користи автоматска трансмисија.

Стандардната опрема меѓу другото опфаќа далечинско отклучување и стартување на возилото без клуч, „My Link“ мултимедијалниот систем на „Chevrolet“ за препознавање на гласовните команди кој вклучува и седуминчен екран осетлив на допир, камера за помош при возењето наназад, проектирање на податоците од инструмент таблата на шофершајбната и многу други.

„Chevrolet Camaro SS“ ќе се најде во продажните салони ширум Европа до крајот на 2013-та година. Овој автомобил најпрво ќе почне да се продава во Германија во септември со почетна цена од 39.990 евра за купе верзијата и 44.990 евра колку што треба да се одвојат за кабриолет верзијата. Двата основни модела се опремени со мануелен менувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП