19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАiOS7 најголемата промена на платформата досега

iOS7 најголемата промена на платформата досега

iOS-7

„Apple“ официјално ја најави новата верзија на „iOS 7“ мобилниот оперативен систем. Извршниот директор на компанијата, Тим Кук истакна дека „iOS 7“ е најголемата промена на платформата уште од нејзиното деби на оргиналниот „iPhone“ во 2007-та година. За ова е најзаслужен Џонатан Ајв и неговиот дизајнерски тим кои воведоа дизајнерски измени скоро во се, од појасни и порамни икони, тајни фонтови, „slide-to-unlock“ функции, контролен панел и многу други. Ајв истакна дека сите икони се редизајнирани со нова палета на бои, се и модеризирано, а „рамниот“ изглед на платформата е присутен во сите аспекти (календар, телефон, пораки, „Game Center“…).

ios7_2

„iOS 7“ сега вклучува нов мутлитаскинг систем базиран на системот картичка за да биде комплементарен со новото менување за побрз пристап за подесување. Сите „stock“ апликации можат да се користат како слајд и со контрола на движењето. Фолдерите можат да поддржуваат стотина апликации (отстранет е лимитот на поддршка од 12 до 16 апликации). Нотификациониот центар е редизајниран со подобра контрола за бројот на добиените и прегледот на нотификациите, центарот може да се гледа и преку „lock screen“. Контролниот центар е името на менито, а овозможува пристап до најчесто користените функции. Тука е и новата функција „AirDrop“ која овозможува делење на содржините со други „iOS“ корисници преку контролниот центар.

ios7_4

Мултитаскингот е надограден за поддршка на сите апликации, а новите функции овозможуваат надградување на апликациите во позадина, додека интерфејсот е базиран на картички што најмногу потсетува на „webOS“ со голем преглед на сите апликации. „Apple Safari“ сега поддржува преглед скоро на целиот екран, навигација базирана на гестикулација, преглед на табовите преку картичката. Одвоениот „bar“ за пребарување сега е отстранет, а пребарувањето сега е возможно само директно преку „adress bar“.

ios7_5

Камерата е освежена со нов кориснички интерфејс и филтери. Надоградба доби и „Photos“ апликацијата, па фотографиите можат да се прегледуваат по датум, година, а и овде е овозможен преглед по пат на гестиклуации. Покрај делењето на фотографии со други лица, апликацијата „Photos“ овозможува делење на видео фајлови преку „iCloud“. Кога е во прашање „Siri“ овој сервис во „iOS 7“ доби рамен дизајн на интерфејсот, надограден е со нови гласови (можен е избор помеѓу машки или женски глас на англиски, француски или германски). „Siri“ сега има контрола над „Bluetooth“ или осветлувањето. Сервисот може да пребарува на „Twitter“, „Bing“ и „Wikipediа“. „Apple iOS 7“ на корисниците ќе им биде достапен оваа есен со сите опишани и бројни други редизајнирани и нови функции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП