29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајк и Адидас ќе прават обувки со 3D технологија

Најк и Адидас ќе прават обувки со 3D технологија

Nike_vs_Adidas_by_L3oDesign

Гигантите на светскиот пазар за спортска облека и обувки Најк и Адидас објавија дека започнуваат да работат со 3D технологијата за создавање на нови модели фудбалски чевли и патики.

Медиумите во Британија објави дека двете компании ќе можат да прават врвни спортски чевли со невидена брзина во досегашната историја на светската индустрија.

Развиена во воздухопловната индустрија, 3D  технологијата за печатење дозволува да се прават предмети во праксата од било каков материјал врз основа на тродимензионален модел.

Во моментов постојат две основни печатени технологија: ласерска и „Inkjet“, при што физичките објекти се создаваат слој по слој.

Најк и Адидас со 3D печатењето прво ќе започнат да ги прават ѓонови за чевлите, кои се главен елемент во современите патики.

„Најнова технологија ќе ни овозможи да го скратиме временскиот интервал за производството на прототипот од 4-6 недели на само 1-2 дена “, истакна претставник на Адидас, додавајќи дека ако пред тоа ова беше работа на 12 лица, сега ќе бидат доволни двајца .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП