28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini продаде 2000 примероци на Aventador за две години

Lamborghini продаде 2000 примероци на Aventador за две години

aven

Уште од претставувањето на авто-саемот во Женева во март 2011-та година на „Aventador“ му се предвидуваше блескава иднина. Благодарејќи на својот дизајн и врвните возачки карактеристики, автомобилот од самиот почекот стекна големи симпатии кај богатите клиенти.

Поради тоа не е за изненадување податокот дека „Aventador“ стигна до бројката 2000 продадени примероци за само две години, додека неговиот претходник, моделот „Murcielago“ за истиот резултат му беа потребни скоро пет години.

aven1

Јубилејниот 2.000-ти „Lamborghini Aventador“ ќе биде испорачан на еден од директорите на американската компанија „AT&T“ кој во својата гаража веќе го поседува „Gallardo LP 550-2 Spyder“.

Од „Lamborghini“ истакнуваат дека интересот за „Aventador“ е толку голем што уште сега имаат нарачки за цела година однапред. Просечно од производствените погони на оваа компанија излегуваат по пет нови примероци од овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП