28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСамсунг развива „паметни леќи“

Самсунг развива „паметни леќи“

contactLenses

Според последните информации кои пристигнуваат од Јужна Кореја компанијата Самсунг сериозно размислува да му се спротистави на „Google“ и тоа на нивните „паметни очила“. Но овој пат тие ќе конкурираат со тоа што на пазарот ќе претстават „паметни леќи“. Веќе неколку истражувачки организации, заедно со два оддела на Самсунг започнале да работат на развој на материјал што би се користел за создавање на „паметните леќи“.

За раководител на тимот е назначен хемискиот инженер Јанг Унг Парк кој најавува дека сакаат да направат дисплеј во леќите што ќе биде во можност да го прави истото како и очилата на „Google“.

Досега екипата која работи на овој проект успеале да постават „LE“ диода на мека леќа која многумина ја користат. Диодата била поставена во комбинација на графен и нано технологиите. Новата технологија била тестирана на зајаци, затоа што нивните очи се најслични со човековите очи, а според првичните резултати не биле забележани негативни реакции.

Овие леќи би можеле да му прикажуваат информации на лицето што ќе ги носи, но оваа технологијата е далеку од комерцијална употреба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП