29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија домаќин на 36. состанок на Европската банкарска федерација

Македонија домаќин на 36. состанок на Европската банкарска федерација

saem-na-banki

Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија денеска ќе биде домаќин на 36-ти состанок на Европската банкарска федерација  (ЕБФ).

На состанокот во Скопје ќе учествуваат претставници од 7 земји-придружни членки на ЕБФ (Албанија, Азербејџан, Русија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора,) како и претставници од 7 земји редовни членки на ЕБФ (Австрија, Бугарија, Данска, Италија, Унгарија, Полска и Словенија).

Состанокот ќе го отворат  македонскиот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески  и гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов. Најавени се обраќања и на извршниот директор на Европската банкарска федерација Гвидо Равоети и на  Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП