20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК изрази „фундаментално несогласување“ со ММФ за Грција

ЕК изрази „фундаментално несогласување“ со ММФ за Грција

kollaj_84c5a2efe0_o.jpg.1000x297x1

Европската комисија изрази денеска „фундаментално нсогласување“ со Меѓународниот монетарен фонд во однос на неколку аспекти од извештајoт, со кој се оценуваат резултатите од првиот план за помош на Грција во текот на 2010 година.

ММФ смета дека преструктуирањето на грчкиот долг, спроведено во текот на пролетта 2012 година, требало да се случи уште во 2010 година.

– Изразуваме фундаментално несогласување со тој став, изјави Сајмон О’Конор, еден од портпаролите на ЕК, нагласувајќи дека тоа може да доведе до ризик од дестабилизирање на еврозоната.

– Извештајот на ММФ не ја зема предвид меѓусебната поврзаност меѓу земјите од еврозоната, нагласи тој и напомена дека грчката криза претставува „тешка и ситуација без преседан“.

– Тројката кредитори, ЕК, ММФ и Европската централна банка не постоеше пред три години и беше создадена од ништо. Имаме различни традиции и сфаќања за нештата, но сепак досега успеваме да донесеме солидни решенија, додаде тој.

ММФ во вчерашниот извештај објави дека направил грешка и признава дека првиот план за спас на Грција во 2010 година завршил со „големи неуспеси“, поспецијално заради несогласувањата со европските партнери од тројката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП