29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХраната ќе поскапи за 40 проценти

Храната ќе поскапи за 40 проценти

hrana2

Две меѓународни организации предвидуваат дека цените на храната во светот во наредната деценија ќе се зголемат од 10 до 40 проценти.

Овие организации сметаат дека е потребно владите да поттикнат инвестиции со цел да го запрат забавувањето на земјоделското производство.

Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО) и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) денес соопштија дека се поголемата побарувачка, како резултат на растот на приходите и бавниот раст на понудата, ќе создадат притисок за зголемување на цената на храната.

Овие две организации наведуваат дека последните две децении, инвестициите во земјоделството се намалени поради постојаното опаѓање на цената на земјоделските производи.

Затоа, владите треба да одговорат на растот на цената на хараната, со зголемување на инвестициите во технологијата со цел да се зголеми производството и да им се помогне на земјоделците своите производи да ги пласираат на пазарите, се вели во извештајот на ФАО и ОЕЦД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП