28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна Осмиот меѓународен Кнауф јуниор трофеј во Скопје

Започна Осмиот меѓународен Кнауф јуниор трофеј во Скопје

Натпреварот официјално стартуваше денес во 9 часот во СГГУ “Здравко Цветковски“ во Скопје, каде по официјалниот почеток започна натпреварувачкиот дел, на кој годинава тимови од 12 земји ќе се натпреваруваат во изработка на најдобри градежни решенија.

knauf1

Официјално започна осмиот Меѓународен Кнауф Трофеј натпревар. Оваа година, честа да биде домаќин на ова натпреварување им припадна на Кнауф Македонија. Меѓународниот натпревар за средношколци за сува градба “Кнауф Јуниор Трофеј“, традиционално се одржува од 2006 година.

Натпреварот официјално стартуваше денес во 9 часот во СГГУ “Здравко Цветковски“ во Скопје, каде по официјалниот почеток започна натпреварувачкиот дел, на кој годинава тимови од 12 земји ќе се натпреваруваат во изработка на најдобри градежни решенија.

 “Кнауф е компанија што има долга традиција во земјава. Зад нас е искуството, знаењето и можностите за развој на секој млад кадар што сака да ја учи оваа професија. Кнауф како општествено одговорна компанија ќе продолжи да инвестира во едукација на кадар во сегментот на сува градба, а ваквите натпревари само ќе покажат дека и кај нас во Македонија има квалитетни кадри, изјави Тодор  Деловски, Регионален директор на Кнауф.

knauf2

Учесниците на натпреварот се ученици во стручните градежни училишта од земјите од кои доаѓаат. Пред нивното претставување на натпреварот во Скопје, се бираат на национални квалификации, по што победничкиот тим ја има можноста да се натпреварува на меѓународно ниво. Натпреварувачкиот дел се состои од два сегменти: теоретски дел, како и практичен дел, каде тимовите ги користат своите знаења и способности и се оценувани од стручна жири комисија, по што се прогласува победникот.

 “Нашиот тим е подготвен да се соочи со своите конкуренти од земјите – гости. Ќе направиме се за да се покажеме како одлични домаќини и за да го одржиме натпреварувачкиот, а истовремено и пријателски дух меѓу учесниците. Исто така, ова е одлична можност за младите натпреварувачи од Европа да се запознаат со Скопје и Македонија, имајќи го во предвид фактот дека голем дел од нив за првпат ја посетуваат нашата земја“- изјави Драгица Костадиновска, Директор на СГГУ “Здравко Цветковски“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП