23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Подгорица – Хотелот „Хилтон Црна Гора“, кој ќе биде изграден според највисоки стандарди на оваа престижна хотелска групација, ќе биде отворен во мај 2015 година во Подгорица. Потпретседателот за развој на „Хилтон“, Урлих Видмер и сопственикот на „Нормал компани“ Жарко Буриќ најавија во Подгорица почеток на реконструкција на главната зграда на хотел „Црна Гора“, според стандардите на Хилтон, а ентериеристите на компанијата ќе ја посетат Црна Гора на почетокот на јули.

Загреб – Хрватски „Агрокор“ од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) откупи 4 отсто од своите акции, со што сега ЕБРД е сопственик на 4,37 отсто од компанијата и има 14.121 повластени акции. Иако се работи за мали проценти, целата финансиска трансакција тежи околу 100 милиони евра. ЕБРД во сопственичката структура на „Агрокор“ влезе во јули 2006 година, преземајќи 8,33 отсто од акциите за цена од 110 милиони евра.

Брисел – Еврозоната во првиот квартал забележа економски пад од 0,2 отсто, со што рецесијата во монетарниот блок продолжи шесто тримрсечие по ред, покажаа официјалните податоци Евростат. Во однос на првото тримесечие од 2012 година, економијата во еврозоната опаднала за 1,1 отсто, за разлика од очекуваниот пад од еден отсто. Во цела ЕУ е забележан економски пад од 0,1 отсто во однос на претходниот квартал, како и од 0,7 отсто на годишно ниво.

Брисел – Повеќето економски податоци од еврозоанат укажуваат дека стопанската состојба во блокот не е розева. Откако, ЕВРОСАТ соопшти дека еврозоната и деветте нејзини членки одделно во првиот квартал од годинава биле во рецесија, други податоица на статистичката агенција покажаа дека малопродажбата во монетарната унија во април е намалена за 0,5 отсто. Композитниот индекс на менаџери за набавка, кој го пресметува истражувачката фирма „Маркит“, во март изнесувал 47,7 поени, а во април се намалил на 46,9 отсто, што е под границата од 50 поени. Секој индекс над 50 е показател за раст на активноста.

Вашингтон – Директорот на ММФ Кристин Лагард оцени дека глобалната економија може да западне во уште потешка фаза, што го потврдуваат и најновите анализи на стопанскиот раст на Германија, Франција и Кина. – На повидок се уште полоши тенденции. Последните податоци укажуваат на извесно успорување на економскиот раст, изјави Лагард на излагање на Институтот „Бруклин“ во Вашингтон. ММФ ја намали прогнозата на стопанскиот раст на Франција за оваа година откако претходно истото го направи и за Германија. Кон крајот на март, Фондот ја намали и прогнозата за стопанскиот раст на Кина за 2013 година од 8,0 на околу 7,75 отсто.

Љубљана – Словенија и натаму е во криза. Ваквиот заклучок произлегува од најновиот извештај на Словенечката централна банка за финансиската стабилност на земјата. Словенија оствари напредок само со долуката дека не е во државен интерес да натрупува кредити, туку да создаде клима поволно за фирми кои ќе отвараат нови работни места, наведува љубљанскиот весник „Дело“. Што се однесува до банките кои се сериозно под влијание на политички и национални интереси и на кои им се неопходни реформи, правецот е јасен: тие треба да бидат продадени на одговорни странски инвеститори, наведува весникот.

Берн – Швајцарскиот Парламент го одложи донесувањето на законот кој има за цел завршување на долготрајниот спор со САД околу затајување на даноци. Долниот дом на швајцарскиот Парламент гласаше за одлагање на идните дебати за законот, додека не бидат познати деталите на планот кој САД планираат да им го понудат на швајцарските банки за кои постои сомнеж дека им помагале на американски граѓани во избегнувањето на плаќањето данок во својата земја. Министерката за финансии на Швајцарија Евелин Видмер-Шлумф минатата недела го опиша законот како елегантен начин на швајцарските банки да им се овозможи соработка со американските власти, без кршење на швајцарските закони за банкарската тајност.

Берлин – Финансиската состојба на германските компании ќе остане поволна во оваа година, наспроти должничката криза во еврозоната, наведено е во најновото истражување на германската државна банка КфВ. – Финансиската клима за компаниите во Германија во извесна мера се подобри во изминатата година, се наведува во редовното годишно истражување на КфВ во кое учествувале 3.600 германски компании. Бројот на компаниите кои се соочиле со проблеми при барање кредити опаднал минатата година за три процентни поени на 22 отсто, покажуваат резултатите од истражувањето.

Лондон – Британскиот услужен сектор напредуваше минатиот месец многу побрзо од очекуваното, а нови фирми се отвараа со најбрзо темпо во последните три години, што покажува дека економијата зајакнува. Менаџерскиот индекс за набавки (ПМИ) во услужниот сектор, кој го подготвува истражувачката фирма „Маркит“, порасна во мај на 54,9 од 52,9 поени во април. Мајскиот резултат е најдобар од март 2012 година и ги надмина очекувањата на аналитичарите, кои очекуваа дека индексот ќе порасне на 53,6 поени.

Лондон – Дневното производство на нафта во Иран во мај опадна на 2,5 милиони барели, што е најниско ниво од 1989 година. Намалениот извоз на нафта е резултат од санкциите кои САД и ЕУ лани ги воведоа кон Иран. Кина, Индија, Јапонија и Јужна Кореја исто така во последно време значајно го намалија купувањето на иранската нафта. Овие четири земји и Турција заедно во април преземале 750.000 барели иранска нафта дневно, што е за 30 отсто помалку отколку во март. Падот на купувањето иранска нафта продолжи и во мај.

Канбера – Австралиската економија во првите три месеци од оваа година напредуваше побавно од очекуваното, бидејќи поминува низ болна транзиција за да ја намали зависноста од рударскиот сектор. Австралиската статистичка агенција наведе дека стопанството во првиот квартал забелажело раст од 0,6 отсто во однос на претходното тримесечие, како и од 2,5 отсто на годишно ниво. – Имаме економија во транзиција, но и силен долар кој ја отежнува таа транзиција, оцени австралискиот министер за финансии Вејн Свон.

Лос Анџелес – Очекуваното големо зајакнување на САД не се случи, а економијата остана ускратена дури и за нормален раст. Овие лоши прогнози се дел од кварталниот економски извештај на Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес (УКЛА). Во извештајот се наведува дека растот на БДП е далеку под три отсто, тренд што ги карактеризираше претходните зајакнувања на стопанството. Во извештајот исто така се наведува дека земјата не отвара доволно добри работни места. Меѓутоа, според извештајот, зајакнувањето на секторот за недвижности треба да пружи поттик на БДП во текот на следните две години и да ја намали невработеноста, која следните години треба да падне на 6,9 отсто.

Детроит – Американската автомобилска компанија „Џенерал моторс“ (ГМ), од денеска повторно ќе стане составен дел од индексот Стандард и Пурс 500. Тоа е значаен чекор во процесот на зајакнување на компанијата, која во текот на кризата мораше да биде спасувана од државата со финансиска инекција. Концернот ГМ, кој покрај другите произведува и автомобили од марките „Шевролет“ и „Опел“, во состав на престижниот индекс ќе се врати по денешното завршувањето на трговијата на берзата на акции.

Вашингтон – Во приватниот сектор на САД во мај се отворија 135.000 нови работни места, што укажува на послабо темпо на отварање на работни места, поради зголемените даноци и резовите на владината потрошувачка, покажува извештајот на компанија АДП. Најмногу работни места се отворени во услужните дејности – 138.000, со што се неутрализира загубата од 3.000 работни места во производниот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП