29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК одговори на обвинувањата на Кина: ЕУ не субвенционира вино за извоз

ЕК одговори на обвинувањата на Кина: ЕУ не субвенционира вино за извоз

euchina1

Европската комисија истакна дека ЕУ не го субвенционира производството на вино за извоз, откако Кина најави анти-дампинг истрага како одговор на европската одлука за воведување на царина за кинеските соларни панели.

„Европската унија го субвенционира производството на вино, но не на виното за извоз“, изјави портпаролот на Комисијата за земјоделство Роџер Ваит. Од вкупниот европски извоз на вино во Кина се извезува 11,4 проценти, со вкупна вредност од 750 милијарди евра. Најголемите извозници се Франција, Шпанија и Италија.

Откако Европската комисија, и покрај противењето на неколку земји-членки, воведе привремена заштитна царина на увозот на кинески соларни панели, Кина возврати со отварање на истрага со која ќе се утврди дали Европската унија го субвенционира производството на вино кое завршува на кинескиот пазар. Комисијата се одлучи за прогресивни мерки – од 6 јуни на сила стапува царина во износ од 11,8 проценти, а два месеци подоцна ќе изнесува 47,6 проценти, ако ЕК не успее да постине договор со Кина.

Кина е најголемиот светски производител на соларни панели, кои со државна помош, за многу ниски цени ги извезува на европскиот пазар. Само во 2011 во ЕУ се извезени панели во вредност од 21 милијарда евра. Поради ова се побунија европските производители, кои се најдоа во големи тешкотии бидејќи не можат да им конкурираат на цените од Кина.

Повеќе земји-членки, меѓу кои и Германија, не ја поддржуваат одлуката на Комисијата за воведување на заштитна царина, бидејќи стравуваат од противмерки и трговска војна со Кина, со што бројни производители во нивните земји ќе загубат многу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП