28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ признава дека ги намалил критериумите на програмата за помош на Грција

ММФ признава дека ги намалил критериумите на програмата за помош на Грција

P

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во средата призна дека морал да ги намали сопствените стандарди кога е во прашање можноста Грција да ги враќа долговите и дека предвидувањата за грчката економијата можеби биле претерано оптимистични.

ММФ со Европската комисија и Европската центална банка, односно „тројката“ е институција која е одговорна за помош на земјите и која интервенираше за Грција да не дојде во ситуација да не може да ги отплати долговите и за да не излезе од еврозоната. ММФ на Грција и даде околу 30 милијарди евра, а вкупниот пакет помош изнесуваше 110 милијарди евра. Некои членови од управата на ММФ ја критикуваа одлуката Грција да добие толку пари, во однос на големината на нејзината економија.

Во средата беше објавена проценката, според која поддршката на ММФ за Грција беше неопходна со цел проблемите од таа земја да не се пренесат на другите земји од еврозоната и глобалната економија.

„Но, постоеше тензија помеѓу потребата да се поддржи Грција и стравот дека тој долг не е одржлив“, се вели во извештајот.

„Како реакција на тоа, критериумите на програмата за помош на Грција беа намалени, со цел земјата да може да се справи со долговите“.

Бидејки програмата беше прилагодена за потребите на Грција, тројката од Грција бараше да спроведе структурни реформи и да ги намали долговите.

Но се случи „неуспех“ вели ММФ. Грција остана во еврозоната и намали дел од долгот, но не ја обнови довербата на пазарот, а економијата на таа земја навлезе во длабока рецесија. Во евалуацијата се признава дека претпоставките на ММФ за грчката економија може да се оценат како премногу оптимистични.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП