28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Без очекуваното „големо закрепнување“ на економијата

САД: Без очекуваното „големо закрепнување“ на економијата

sad2

Очекуваното „големо закрепнување“ на Соединетите Амeрикански Држави не се случи, а економијата стагнира.

Овие мрaчни прогнози се дел од кварталниот економски извештај на Универзитетот во Калифорнија, пренесува агенцијата АП.

Во извештајот се наведува дека растот на реалниот бруто производ е далеку под три проценти, односно трендот кој ги карактеризираше претходните закрепнувања на економијата. Во извештајот се наведува дека земјата не отвара доволно добри работни места.

Меѓутоа, според овој извештај, закрепнувањето на пазарот за недвижнини би требало да го поттикне БДП во текот на наредните две години и да ја намали невработеноста, која во текот на наредната година би требало да се намали на 6,9 проценти.

Калифорнија, сепак, ги надмина сите Соединети Држави во поглед на растот на отварање работни места во текот на една година заклучно со април, а една од клучните причини за тоа е зголемената побарувачка за производите од Калифорнија, особено компјутерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП