19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија претставена на Саем за автомобилска индустрија во Германија

Македонија претставена на Саем за автомобилска индустрија во Германија

Automotive-Industry2

Бизнис климата и поволностите за инвестирање во Македонија се претставени на Саемот за автомобилска индустрија, што се одржува од 4 до 6 јуни во Штутгарт, Германија. Овој меѓународен настан е еден од најголемите собири во секторот, со учество на повеќе од 650 компании од Европа, Азија, и Северна Америка.

Со свој штанд на Саемот учествувае македонската Дирекција за технолошко-индустриски развојни зони, при што преку директни контакти со претставници на компаниите ги презентираше бизнис климата и инвестициските можности на Македонија. Посебен акцент е ставен на поволностите кои се нудат на инвеститорите во технолошко-индустриските развојни зони.

– Неколку компании веќе изразија подготвеност за посета на Македонија и разгледување на слободните зони поради постоечката потреба на нивните компании за проширување на бизнисот и производствените капацитети во Европа, соопшти Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони.

На саемот ќе бидат прогласени и добитниците на меѓународните награди „Мотор на годината 2013” кои се сметаат за најпрестижни достигнувања во областа на производството на автомобилски мотори. Покрај Македонија промоција на можностите за инвестирање во своите земји направија и Италија, Молдавија, Унгарија, Обединетото Кралство и Западна Вирџинија, САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП