29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемја во која странските валути се побарани од храната

Земја во која странските валути се побарани од храната

von1

Тргувањето со странски валути во Северна Кореја се смета за еден од најтешките облици на економски криминал и се казнува со смрт. Сепак, во најзатворената држава на светот, малку жители ја користат националната валута.

Употребата на американскиот долар и кинеските јуани е раширена повеќе од било кога. Падот на довербата во домашната валута започна во 2009 година, со катастрофалната ревалоризација на вонот, која ги уништи заштедите на милиони луѓе.

Од тогаш, жителите на азискиот полуостров, купуваат странски валути и ги кријат во дупките на подот во својот дом, а во некои случаи дури и во шумите.

Аналитичарите врз основа на изјавите на оние кои избегале од Северна во Јужна Кореја, дошле до заклучок дека богатите жители преферираат западни валути, додека посиромашните слоеви го користат јуанот.

Растот на употребата на јуанот е од поново време и се одразува со пораст на трговијата и шверцот низ 1.400 километри долгата граница помеѓу Северна Кореја и Кина. Еден од кинеските граѓани кој редовно шверцува роба и јуани во Северна Кореја, вели дека побарувачката за јуаните е поголема од побарувачката за храна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП