19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Светската економија го губи својот здив

Лагард: Светската економија го губи својот здив

lagard7

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард предупреди дека светската економија забавува побрзо од она што претходно беше предвидено.

Се појавуваат „повремени навестувања за мрачни трендови“. Така на пример, новите податоци наведуваат на заклучок за забавување на растот“, изјави Лагард во вчерашниот говор на Институтот Брукингс во Вашингтон.

Таа потсети дека ММФ во април предвиде дека светската економија ќе се зголеми во 2013 година, за 3,3 проценти, додавајќи дека таа предупредувала за „кревкото и нерамномерно закрепнување“.

Вчера ММФ процени дека француската економија во оваа година ќе се намали за 0,2 проценти, наместо претходната проценка од 0,1 проценти. Еден ден претходно ја преполови прогнозата за германскиот раст во оваа година, на само 0,3 проценти.

На крајот на мај ММФ, исто така, ја намали и прогнозата за Кина, главниот мотор на светската економија, на околу 7,75 проценти, од претходно предвидените 8,0 проценти.

„Можеби влегуваме во фазата на привремени пречки за растот“, изјави Лагард, нагласувајќи дека и понатака најмногу ја загрижува 17-члената еврозона, која се наоѓа во рецесија веќе шест квартали по ред.

„Општо земено, регионот стагнира“, изјави таа. „Индикаторите за во иднина, исто така не се охрабрувачки“, додаде таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП