29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Тетовско затворени 17 објекти поради неиздавање фискални сметки

Во Тетовско затворени 17 објекти поради неиздавање фискални сметки

fiskalna-smetka

Седумнаесет објекти во Тетово и Гостивар се затворени поради неиздавање фискални сметки. Изречена им е и парична казна во висина од 3.250 евра во денарска противвредност.

При контролите спроведени од страна на Управата за јавни приходи во 35 објекти во овој регион утврдено е и дека девет од нив воопшто не се регистрирани за даночни цели. Тие се упатени на едукација во Управата за јавни приходи и имаат обврска во рок од пет дена да се регистрираат бидејќи во спротивно ќе се соочат со парични казни и затворање.

УЈП најавува дека ќе продолжи со борбата против фирмите што не плаќаат данок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП