19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Австрија да ја напушти еврозоната“

„Австрија да ја напушти еврозоната“

avstrija1

Австрија и Германија би требало да ја напуштат еврозоната и најдобро би било да останат заедно, препорача германскиот експерт за државно право, Карл Алберехт Шахтшнајдер.

Тој, во анализата која ја изработи на барање на Партијата за слободата на Австрија (ФПО), објасни дека на тој начин ќе ги реши мерките за стабилизација на еврозоната и ќе постигне значителен раст на куповната моќ на нејзините граѓани.

Шахтшнајдер од почетокот на 1990 година се бори против заедничката европска валута, и во тој поглед, достави повеќе тужби до Уставниот суд во Германија.

Лидерот на ФПО, Хајнц Кристијан Штрахе истакна, осврнувајќи се на споменатата анализа, дека враќањето на шилингот не само што е корисно, туку и законски можно, без потребата земјата да излезе од ЕУ.

Промената на валутата, според Штрахе и Шахтшнајдер, ќе ја зголеми благосостојбата во Австрија, а се очекува и вредноста на шилингот да се зголеми во однос на еврото.

Германскиот експерт очекува дека ќе се зголеми и куповната моќ, бидејќи со воведувањето на австрискиот шилинг увозот ќе биде поевтин за 35 проценти. Штетата кон извозно ориентираните претпријатија нема да биде голема, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП