24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурската берза со рекордни загуби поради антивладините протести

Турската берза со рекордни загуби поради антивладините протести

ix2LQU2gId5w

Турската берза опадна на повеќе од десет отсто, а националната валута поевтини во однос на доларот за 0,7 отсто, поради продолжувањето на масовните протести и судири меѓу полицијата и демонстрантите во земјата.

Загриженоста на инвеститорите, по ширењето на протестите, доведе вчера до пад на главниот индекс на турската берза за 10,47 отсто, а приносите на двегодишните обврзници се зголемија за рекордни 71 поени, на 6,78 отсто, објави „Фајненшел тајмс“.

Од почетокот на протестите берзата изгуби 15 отсто и сега е на 1,6 отсто пониска вредност отколку во почетокот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП