19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаскоро роботизирани дадилки, помошнички, придружнички....

Наскоро роботизирани дадилки, помошнички, придружнички….

roboti1

Во САД наскоро ќе се појават роботи за домаќинство, најавуваат дизајнерите, а пренесуваат американските медиуми.

Американските лабаратории активно работат на производството на „роботите за домашна употреба со пристапни цени“.

Роботите ќе ги заменат дадилките, помошничките во домот, а може да се користат и како придружнички?

Овие роботи веќе се претставени на Светската конференција за наука во Њујорк. Инженерите ветуваат дека хуманоидните роботи наскоро ќе станат – стока за широка потрошувачка.

Сосема е возможно и некои составни делови од домаќинството, како апаратите, да бидат роботизирани, како што е правосмукалката. Тие дури ќе бидат поевтини од обичните правосмукалки.

Во Русија, во меѓувреме, креираат специјални роботи кои ќе бидат ангажирани за евакуација на повредените војници и граѓани од местата на кои имало терористички напад.

Исто така, ќе бидат направени и роботи кои ќе се борат со терористите – најавува заменик премиерот на Русија, Дмитриј Рогозин.

Тој не ги откри деталите за новата техника и роковите за испорака на роботите во борбените структури на Русија.

Познато е дека роботите можат да гледаат преку разни препреки и да ја погодат целта од голема далечина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП