29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕнергетска ефикасност и гасификација со измените на Законот за енергетика

Енергетска ефикасност и гасификација со измените на Законот за енергетика

saracini-valjon

Развој на гасификацијата, подигнување на стандардите за енергетска ефикасност и отворање нови работни места, се дел од придобивките што треба да ги донесат новите измени на Законот за енергетика кои се веќе во сила.

Минситерот за економија Ваљон Сарачини на денешната прес-конференција претставувајќи ги новините истакна дека регулативата овозможува развој на гасификацијата по најновите стандарди преку еден комплексен и сеопфатен пристап.

– Новиот закон ги поставува најзначајните предуслови за почнување на процесот на гасификација на едно пошироко ниво и нуди системски пристап на овој процес. Ви опфаќа сите технички услови и е целосно хармонизиран со европските стандарди, рече Сарачини додавајќи дека со предвидените стандарди за користење полиетиленски цевки значително ќе се намалат трошоците и ќе се зголеми квалитетот, а преку предвидената едукација и обука на кадри, кои во индина ќе оперираат со гасоводните системи, гасификациската мрежа ќе се шири на стручен и безбеден начин.

Според него ова е особено важен процес ако се земе предвид се поизвесното приклучување на Македонија кон гасоводот Јужен поток, користењето на гасот како поевтин енергенс и зголемување на конкуреноста во економијата.

Во делот на енергетската ефикасност, како што појасни министерот, предвидено е да се дифинираат условите и стандардите за енергетска ефикасност на зградите и јавните објекти. Зградите зависно од исполнување на енергетската ефикасност ќе бидат класифицирани. Контролата ќе ја вршат лиценцирани енергетски контролори.

Сарачини потеницра дека токму овој сегемент ќе генерира нови работни места. – Ќе биде објавен оглас во Министерството за економија, на кој ќе се пријават сите заинтерсирани лица кои во иднина сакаат да бидат лиценцирани  контроли. Ќе го поминат процесот, ќе се стекнат со лиценца, ќе се вработат во компанија која ќе го почне процесот на енергетски контроли, појасни министерот. Во првата фаза енергетските конторли ќе направат контрола во зградите на државната управа, единиците на локална самоуправа и сите други јавни згради.

Во рок од шест месеци со овие измени ќе треба да се усогласи Законот за градба, каде ќе бидат предвидени стандарди за енергетска ефикасност на зградите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП