25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКаталонците потрошија 205 милиони во потрага на партнер на Меси

Каталонците потрошија 205 милиони во потрага на партнер на Меси

barsa22

Барселона од доаѓањето на Ето или подобро кажано од пристигнувањето на Анри се обидува да пронајде играч кој ќе се вклопи во тимот, поточно со Лео Меси.

Каталонците купуваа напаѓачи oд доаѓањето на Ето, Анри беше одлично решение, но во тој момент Меси не беше толку доминантен,.

Именот тој во 2007-та година беше трет стрелец во тимот, иако Анри и Ето постигнаа само два и гол повеќе од Аргентинецот.

barsa222

Како што се менуваа работите во Барселона беше јасно дека за Меси тешко може да се најде играч кој би му бил партнер во нападот. Грешка беше продажбата на Ето и доведувањето на Ибрахимовиќ кој е најскапиот играч во историјата на клубот и чинеше 70 милиони евра.

Остана само една сезона, а понего беше доведен Вилја, па Алексис Санчез, но ниту едниот, ниту другиот не беа на нивото кое го имаа во Валенсија, односно Удинезе.

Со Нејмар кој не е класичен напаѓач, но е офанзивен играч, па во Барселона се надеваат дека конечно ќе го решат тој проблем. Бразилецот чинеше 57 милиони евра, затоа што Реал се замеша во играта и му ја дигна цената. Па така за пронаоѓањето на партнер за Меси во нападот во последните пет години беа потрошени 205 милиони евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП