24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБен Бернанке: 10 животни мудрости

Бен Бернанке: 10 животни мудрости

benbernanke1

Првиот човек на Aмeриканската централна банка Бен Бернанке им подели десет совети на новите дипломци на американскиот универзитет Принстон.

На тој универзитет Бернанке беше професор по економија пред превземањето на челното место во „FED“, а во неделата одржа говор при свеченото доделување на дипломите. Бизнис Инсајдер ги издвои десетте мудрости од Бен Бернанке.

1. Речиси сите завршуваат со различен живот од оној кој го планирале. Можете детално да го планирате и цртате целиот свој живот, но сигурно дека нема да завршите така како што сте планирале.

2. Сепак, сеуште е мудро да размислувате за вашите цели и луѓето со кои би сакале да бидете опкружени.

3. Меритократијата како систем е најдобра, но ниту еден систем не е вистинска меритократија. Па дури и во овој процес најчесто се потпираме на среќата.

4. Луѓето кои ги користат сите свои предности или успеваат да ги надминат сите нивни проблеми, често заслужуваат восхит.

5. Цинизмот е лош.

6. Економијата не е добра алатка за предвидување на иднината, но им помага на луѓето да ги избегнат лошите идеи.

7. Парите се важни, но донесувањето на важни одлуки кои се базираат само на парите, е лошо.

8. Неуспехот е важен.

9. Кога го избирате животниот партнер, изберете помеѓу убавината и сексуалната привлечност.

10. Јавете им се на вашите родители од веме на време. И вие ќе посакате од време на време да ви се јават вашите презафатени и успешни деца. Освен тоа, не заборавајте кој ви го платил школувањето на Принстон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП