28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал не го купи Нејмар, но ја принуди Барса да плати повеќе

Реал не го купи Нејмар, но ја принуди Барса да плати повеќе

neymarbarcelona_getty

Трансферот на Нејмар од Сантос во Барселона чинел 57 милиони евра, откри потпретседателот на каталонскиот клуб Јосеп Бартомеу.

„Нејмар потпиша петгодишен договор. Вкупниот трошок за трансферот е 57 милиони евра, без да се плати на било кој посредник, освен на Сантос и на уште три страни кои имаа сопственички права на договорот на Нејмар. Во договорот со нас има откупна клаузула од 190 милиони евра“, истакна Бартомеу за време на претставувањето на Бразилецот на Ноу Камп. Но тој додаде поради интересирањето на други клубови Барселона морала да плати 17 милиони евра повеќе. Да потсетиме Реал нудеше 60 милиони евра за Нејмар.

„Тој сакаше да дојде во нашиот клуб и тоа беше пресудно. Меѓутоа поради интересирањето на други екипи моравме да платиме поголема сума отколку планираните 40 милиони евра. Одушевени сме што го купивме Нејмар, иако нашата понуда не беше најголема“, изјавил потпретседателот на каталонците.

Барселона со Сантос ќе одигра и две пријателски средби, едната во Бразил, а другата во Шпанија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП