29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolvo ја призна грешката

Volvo ја призна грешката

volvo2

Шведскиот производител на автомобили „Volvo“, во рацете на кинескиот „Geely“ денес ги призна грешките кои ја загрозија продажбата во Кина и САД, но ги негираше шпекулациите дека ќе се повлече од американскиот пазар.

„Целта на продажбата од 200.000 автомобили во Кина до 2015 година, не е реална. Имавме 150 нови дилери, кои не ја познаваа стратегија на „Volvo“ и менаџери за продажба кои не зборуваа кинески јазик. Понекогаш кога ќe започнете нешто, не е се секогаш совршено и потребно е да направите промена“, изјави извршниот директор на „Volvo“ Хакан Самуелсон, а пренесува агенцијата Франс Прес.

Продажбата на „Volvo“ во Кина минатата година значително опадна за 11 проценти на 42,000 автомобили во однос на 2011 година.

На прашањето за САД, кој е најголемиот пазар на „Volvo“, бидејќи таму остварува 16 проценти од продажбата, Самуелсон изјави дека единствената грешка на „Volvo“ за американскиот пазар е што пред 15 години не е изградена фабрика таму.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП