18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Атина – Една од четирите најголеми банки во Грција, „Алфа Банк“, соопшти дека успеала да привлече доволно инвестиции од приватниот сектор, што ќе и овозможи да избегне национализација. Грчките банки примаат помош од Нациналниот фонд за спас и за да избегнат aнационализација од приватни инвеститори мора да приберат една десетина од вкупно потребните средства за докапитализација. Вкупната потреба на „Алфа Банк“ изнесува 4,57 милиони евра, а банката со продажба на акции на приватни инвеститори успеа да обезбеди 457 милиони евра.

Загреб – Падот на просечната реална нето плата во Хрватска на ниво на 2012 година изнесувал 2,6 отсто, имајќи предвид дека потрошувачките цени истовремено пораснале за 3,4 отсто. Како што наведуваат аналитичарите на Хрватската народна банка во својот годишен извештај за 2012 година, куповната моќ на просечна плата на ниво на цело хрватско стопанство во текот на мината година, била приближно еднаква на таа од 2006 година. Просечната исплатена реална нето заработка во Хрватска во 2012 година е намалена во однос на претходната година, а тоа било поизразено во јавните и државите служби, отколку во приватниот сектор.

Шибеник – Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), која е членка на Светската банка, обезбеди 38,8 милиони евра за изградба на еолскиот парк „Јелинак“ во Далмација. ИФЦ и одобри 15,4 милиони евра кредит на локалната филијала на компанијата „Аксиона Енергија“, која е дел од „Групата Аксиона“, глобален инфраструктурен конгломерат со седиште во Шпанија и една од водечките светски компании во подрачјето на обновлива енергија. Дополнителните 23,4 милиони евра ИФЦ ги обезбеди од „Уникредит банката“ во форма на кредит.

Љубљана – Словенечата нафтена компанија „Петрол“ лани била најсупешна словенечка фирма според остварените приходи, додека фармацевстката куќа „Крка“ остварила најголем профит. Компаниите кои се најдоа на листата на 300 компании со најголем профит, оствариле 78 отсто од вкупниот профит во фирмите во Словенија. Вкупните приходи на овие 300 компании изнесувале 35,86 милијарди евра, што е 42,5 отсто од сите приходи остварени во словенечкото стопанство, при што на листата не се вклучени банки и осигурителни компании.

Виена – Лошата состојба на австриското стопанство, но и во Европа, предизвика раст на невработеноста во Австрија. Бројот на невработените кон крајот на мај, во споредба со истиот месец лани, пораснал за девет отсто, на 251.895 лица. Ако на тоа се додаде и бројот на тие кои се наоѓаат на дошколување, вкупниот број на невработени во Австрија достигнал 330.309, што е за 9,5 отсто повеќе од лани, соопшти австриското Министерство за социјални прашања.

Берлин – Растот на побарувачката во Германија и во странство, во април му даде поттик на германскиот машински сектор, кој е клучен столб на индустријата на најголемата европска економија, зголемувајќи ги надежите дека слабиот почеток на годината е минато за оваа индустриска гранка. Порачките во април пораснале за осум отсто, исто како во април 2012, при што домашните нарачки се зголемиле за шест, а извозните за дури девет отсто. – Априлскиот резултат не е доволен да направи пресврт во трендот на индустријата, но растот на извозната побарувачка дава надеж, рече главниот економист на германската индустриска федерација ВДМА, Ралф Вихерс.

Париз – Компанијата „Тотал“ и други големи нафтени компании во следните години ќе затворат повеќе рафинерии, бидејќи постои согласност дека треба да се намали емисијата на јаглерод диоксид и потрошувачката на горива, изјави генералниот директор на „Тотал“, Кристоф де Маржери. Тој потврди дека ќе бидат затворени рафинерии, бидејќи се очекува намалување на потрошувачката. – Сите сакаат потрошувачката да се намали, администрацијата, Европа и самите производители. Но, ако одлучиме да ја намалиме потрошувачката, мораме да го намалиме производството, предупреди Маржери.

Лондон – Пејачот на британската хеви-метал група „Ајрон Мејдн“, Брус Дикинсон има намера да отвори сопствена авиокомпанија за што моментно преговара со британските власти. Дикинсон (54), кој над 20 години има пилотска дозвола и досега летал активно 7.000 часа, со својата група продал над 54 милиони плочи. Дикинсон е сопственик на компанијата „Кардиф Авиејшен“, која се занимава со одржување на авиони и вработува околу 70 луѓе.

Брисел – Европската комисија на инвестицискиот фонд „Беркшир хатавеј“, сопственост на милијардерот Ворен Бафет, и на бразилската компанија „3Г Капитал“ им одобри да го преземат американскиот производител на кечап „Хајнц“ за сума од 28 милијарди долари. Со истрагата е утврдено дека договорот, според кој 144 години старата компанија „Хајнц“ би дошла под контрола на еден од најуспешните светски инвеститори, не би влијаел на конкуренцијата на европскиот пазар на сосови и брза ресторанска услуга, наведено е во соопштението на ЕК. Компаниите „Беркшир Хатавеј“ и „3Г Капитал“ во февруари соопштија дека работат на најголемо преземање на една прехранбена компанија.

Москва – Рускиот гасен монопол „Газпром“ во првите месеци од оваа година го зголеми извозот на гас надвор од Заедницата на независни држави (ЗНД), а само во мај растот на годишно ниво достигна 16,2 отсто. Статистиката на испораките се промени во март кога „Газпром“ објави рекордно темпо на раст на извозот на гас во странство. Во тој месец извозот во Европа е зголемен на годишно ниво за 33,6 отсто на 12,46 милијарди кубни метри. На 25 март компанијата оствари рекорден дневен извоз за крајот на март од 520 милиони кубни метри гас.

Дубаи – Во Дубаи има најмногу градилишта на светот – 33.000, а се очекува од 2012 до 2016 градежниот сектор во Емиратот да порасне за 9,5 отсто. Само оваа година властите издале дозволи за градење на 23.243 згради. Најмногу пари во Дубаи се вложуваат во туризмот, најмногу поради прогнозите дека за 20 години ќе бидат исцрпени резервите на нафта и туризмот ќе биде еден од секторите од кој се очекува најголем профит во оваа финансиска оаза. Најомиленото летувалиште во арапскиот свет секоја година го посетуваат околу 15 милиони туристи. Властите во Дубаи сметаат дека глобалната криза заврши и до 2020 година очекуваат за 50 отсто повеќе гости.

Токио – Продажбата на нови автомобили во Јапонија, освен мини возилата, е намалена во мај за 7,3 отсто на годишно ниво, соопшти Националната асоцијација на автомобилската индустрија. Во Јапонија во мај се продадени 219.099 возила. Во април е забележан мал раст на продажбата на годишно нив, прв од август лани, кога почна константен пад поради прекин на програмата за субвенционирано купување на автомобили, која ја поттикна продажбата во првите осум месеци во 2012 година.

Њујорк – Најголемата светска компанија за производство на генетски модифицирана (ГМО) храна „Монсанто“, го откажа извозот на ГМО пченица во Европа, по „Маршот против Монсанто“, кој се одржа во 52 земји. „Монсанто“ се откажа од одгледување на ГМО посеви во Европа, бидејќи се соочи со голем отпор на Стариот континент, каде се повеќе земји забрануваат употреба на неговото ГМО семе. Од компанијата велат дека е контрапродуктивно „да се борат против ветерници“. Оваа одлука е донесена по протестите „Марш против Монсанто“, кои почнаа минатата сабота, кога граѓаните од 400 градови во 52 земји се побунија против оваа фирма и нејзиното влијание врз владите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП