28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал со 100 милиони тргна по Бејл

Реал со 100 милиони тргна по Бејл

bale_2578947b

Најтрофејниот клуб во светот, Реал Мадрид изгледа дека по секоја цена сака во своите редови да го донесе Велшанецот од Тотенхем, Герет Бејл. Според медиумите од Пиренејскиот полуостров „кралевите“ се подготвени да платат 100 милиони евра за неговите услуги.

Нормално доколку овие информации се точни, понудата директно во Лондон треба да ја достави новиот спортски директор на „кралскиот клуб“, Зинедин Зидан, а според весникот, таа тешко би можела да биде одбиена од челниците на Тотенхем.

Паралелно, речиси е сигурно дека во Мадрид за 45 милиони евра доаѓа напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез.

Доколку се реализираат плановите на Реал, новиот офанзивен квартет Беил – Суарез – Роналдо – Бензема ќе биде најскапиот фудбалски напад во светот, вреден околу 300 милиони евра.

Со него Реал Мадрид планира успешно да му парира на новото напаѓачко дуо на Барселона, Меси – Неимар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП