28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАвиокомпаниите во 2013-та очекуваат добивка од 12.7 милијарди долари

Авиокомпаниите во 2013-та очекуваат добивка од 12.7 милијарди долари

avioniw

Авиокомпаниите на глобално ниво се на пат во 2013-та година да забележат добивка од 12.7 милијарди долари, објави денеска Меѓународната асоцијација на авио-превозници (IATA) со што ја зголемија претходната прогноза.

Проценетата добивка е значително поголема во споредба со 7.6-те милијарди долари кои беа остварени во минатата година, а е повисока и во однос на проценетите 10.6 милијарди кои беа предвидени за 2013-та.

Доколку се остварат прогнозите работната 2013-та ќе биде трета најдобра година во воздушниот транспорт од 2001-та.

Шефот на „IATA“, Тони Тајлер сепак предупредува дека работењето и натаму е отежнато, напоменувајќи дека авиокомпаниите работат со профитна маржа од 1.8 проценти.

„Тоа е добивка од четири долари по патник, што е помалку од еден седвич во поголемиот дел од светот“, изјавил Тајлер на годишното собрание на „IATA“.

Трошоците за гориво се зголемени за 55 проценти од 2006-та година и авиокомпаниите работат во големи неповолни услови.

Тој истакнал дека сепак и остварувањето на така малата добивка е значајно достигнување во веќе постоечките услови.

„IATA“ проценува дека авио-превозниците оваа година ќе пренесат околу 3.1 милијарди патници, што за првпат нивната бројка би надминала три милијарди, а се очекува транспортот на товарот да надмине 52 милиони тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП