29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед дава 20 милиони за Гарај

Јунајтед дава 20 милиони за Гарај

garaj

Англискиот шампион Манчестер Јунајтед нуди 20 милиони евра за дефанзивецот на Бенфика Есекиел Гарај, тврдат португалските медиуми. „Црвените ѓаволи“ веќе подолго време ги следат настапите на поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид.

Според неофицијални информации во почетокот на годината англискиот гигант и Бенфика се ракуваа и меѓу двата клуба има џентлменски договор за трансферот на Аргентинецот на “Олд Трафорд “.

Заминувањето на Сер Алекс Фергусон нема да го спречи раководството на Манчестер Јунајтед да го доведе Гарај кој е со репутација на еден од најдобрите централни дефанзивци во Португалија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП