18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАтлантик Група со свој придонес во големата еколошка акција на Пакомак, радио...

Атлантик Група со свој придонес во големата еколошка акција на Пакомак, радио Буба Мара и скопските општини

foto 1

Компанијата Атлантик Група накратко се приклучи на тековната еколошка акција на Пакомак, Радио Бубамара и скопските општини и ги награди со свои производи одделенијата кои биле  најуспешни досега во собирањето на пластична амбалажа. Имено, според податоците, одделението 1а од училиштето Јан Амос Коменски  и 71 и 13 од основното училиште Песталоци се оние кои  досега покажале најголем интерес и служат за пример во еколошката акција собирајќи големи количини пластичен отпад, за што и добија интересни награди – пакети со различни производи од Атлантик Група. Потоа, од искористените амбалажи децата ќе се поттикнат да создадат интересни и креативни уметнички дела, а можат да користат и друг вид на амбалажа- пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, кутии, амбалажи од козметика и средства за чистење, пластични чаши, тетрапак-пакувања, кеси од чипс, кутии, опаковки и сл. Целта на оваа  активност е да се разбуди креативноста и фантазијата кај дечињата и да ги инспирира да создадат уникатни уметнички творби,  со што ќе и дадат една поинаква димензија на употребената амбалажа во секојдневниот живот.

foto 2

„Атлантик Група како општествено одговорна компанија која се грижи за екологијата и вложува во правилниот развој и еколошката едукација на децата, од почеток ја следи големата акција на Пакомак, радио Буба Мара и скопските општини и реши да даде свој придонес за уште поголема мотивација на дечињата. Имено, одделенијата кои беа најуспешни ги наградивме со вкусни производи од нашето портфолио – најновите чоколатца Најлепше Жеље, сокчиња Цедевита, омилените Смоки и други, со што заслужено можат да си се нагостат по напорната учебна година. Поддржувајќи ги ваквите проекти, Атлантик Група настојува да влијае на подигањето на свеста за важноста на заштитата на животната средина и сака да ги поттикне новите млади генерации го прифатат рециклирањето како начин и култура на живеењето и на тој начин да допринесат за заштита на околината, а со самото тоа и за квалитетот на живот на нашите сограѓани. ˮ – изјави Елена Цанева, администратор за човечки ресурси во Атлантик Група.

foto 3

„Целта на проектот „Собираме амбалажа пластична, за околина чиста и фантастична“ кој трае веќе неколку месеци е да се создадат здрави еколошки навики за почиста околина, да се создаде навика за селекција и рециклирање на отпадот и досега е одлично прифатен од учениците, родителите и наставниците. За возврат, Пакомак постави пластични контејнери и донираше апарати за течен сапун во сите училишта со што се подигна и нивото на хигиената во училиштата. Ја поздравуваме одличната иницијатива на компанијата Атлантик Група која има за цел да ги мотивира и поттикне учениците за понатамошни еко-активности и повикуваме и други општествено одговорни компании да дадат свој придонес во акцијатаˮ – изјави Ико Брдароски, менаџер за корисници во Пакомак.

foto 5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП