28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИталијанска банка која повеќе го цени пармезанот од златото

Италијанска банка која повеќе го цени пармезанот од златото

o.146159

Можеби звучи чудно, но банката “Сredito Emiliano” овие стоки ги третира исто како и што другите банки го третираат златото, и тоа од многу добра причина. Тие имаат трезор со сирења вреден околу 200 милиони долари.

Да се наплати сирење звучи како шега, отколку како сериозен финансиски чекор. Сепак во некои региони на Италија ова е реалност, затоа што познатиот „Reggiano“ пармезан е толку драгоцен така што некои банки со задоволство сакаат да го задржат како отплата на долговите и кредитите на своите клиенти.

Банката „Сredito Emiliano” на прво поглед е банка како и секоја друга која работи на територијата на Италија. Тоа што ја разликува е што во сефот нема да најдете златни плочки, дијаманти или пари. Наместо тоа во нивниот трезор се наоѓаат неколку десетици илјади ролни пармезан, внимателно сместени на полиците.

Оваа банка превзема сирења од локалните жители во замена за отплата на кредити или неговото намалување за три проценти. Службениците на банката се грижат за зреењето на сирењето, како и одредената температура и ниво на влажност.

ITALY CHEESE BANK

Можеби е чудно, но банката „Сredito Emiliano” пармезанот го третира исто како што другите банки го третираат златото, а во нивниот трезор има сирење во вредност од околу 200 милиони долари.

Со оглед дека Италија западна во најголемата криза по Втората светска војна оваа банка им овозможи на многу производители нивното производство на пармезан да не пропадне. Производителите се задоволни затоа што дури 80 проценти од долговите ги отплаќаат со сирењето, а само мал дел отплаќаат со вистински пари. Од ова ни банката не губи, затоа што секогаш може да ја продаде стоката и да заработи пари.

„Сredito Emiliano” позајмува пари за сирење уште од 1953-та година. Со текот на годините имале желба да разменуваат и други производи, како што се маслиновото масло или пршутата, меѓутоа тие производи биле тешки за чување.

Пармезанот „Reggiano“ се смета за „принц на пармезаните“ затоа што само една ролна содржи 550 литри млеко. Италија е најголем производител на ова сирење и имаат годишна заработка од 1.5 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП