24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАвто-производителите во Чешка бележат пад во производството

Авто-производителите во Чешка бележат пад во производството

003_START_OF_PRODUCTION_OCTAVIA_2012

Како што пренесуваат новинските агенции производството на патнички автомобили во Чешка од почетокот на година до крајот на април е намалено за 16.5 проценти во однос на минатата година или произведени се 380.673 возила.

Според податоците на чешкото здружение на автомобилската индустрија производството на теретни возила во споменатиот период е намалено за 58 проценти или на 227 возила.

Во најголемата фабрика на Шкода е произведено 18 проценти помалку автомобили. „TPCA“ поради падот на побарувачката во Европа ја намали продукцијата за 24 проценти, а пак Хјундаи произведе 101.969 возила или седум проценти помалку од лани во истиот прериод.

За падот на производството на теретни возила е одговорна фабриката Авиа од чии погони излегоа само четири возила во однос на 359-те кои беа произведени во 2012-та година. Според неофицијални информации Авиа веќе со години е во загуба и се подготвува да го пресели производството во Индија.

Наспроти неа, Татра го зголеми производството за 22.5 проценти или од нејзината фабрика излегоа 223 возила.

Здружението оваа година очекува производството и прометот да бидат како и минатата година кога беа произведени 1.12 милиони патнички автомобили или 1.7 проценти помалку од рекордната 2011-та година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП