28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛевандовски од наредната сезона ќе биде новата „деветка“ на Реал

Левандовски од наредната сезона ќе биде новата „деветка“ на Реал

Само два состаноци биле доволни познатиот фудбалски менаџер Пини Захави и Хосе Анхел, „десната рака“ на претседателот на Реал, Флорентино Перез, да го договорат трансферот на Роберт Левандовски од Минхен во Мадрид.

Речиси сите шпански медиуми објавија дека Роберт Левандовски (29) од наредната сезона ќе биде новата „деветка“ на мадридски Реал. Истите извори наведуваат дека Левандовски ќе потпише две годишен договор со опција истиот да биде продолжен за уште една година.

Секако како што пишуваат медиумите на Пиринеите за да бде реализиран трансферот согласност мора да даде и Баерн, бидејќи напаѓачот има договор со клубот до 2021 година.

Доколку Левандовски замине од Минхен, Баерн на неговиот трансфер повеќекратно ќе заработи, бидејќи не плати ништо за голгетерот кога тој пристигна во клубот од Борусија Дортмунд.

Левандовски за неполни четири години во Баерн постигнал 142 гола.

Инаку, Левандовски беше трет на листата на Реал, на посакувани напаѓачи, по Хари Кејн и Нејмар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП